Одед Каташ е нов тренер на Панатинаикос

Досегашниот тренер на Хапоел Ерусалим, Одед Каташ е нов тренер на грчки Панатинаикос.

Каташ, кој е еден од најголемите кошаркари во историјата на Израел, на клупата на грчкиот тим доаѓа на местото на Георги Воворас. Изминатите три сезони ги мина како тренер на Хапоел, а ја водеше и репрезентацијата на Израел до 20 години.

Како играч своите најдобри кошаркарски денови ги мина во Макаби Тел Авив и во Панатинаикос. Играчката кариера ја заврши на само 27 години поради тешка повреда на коленото која ја доби во Грција.

Се вчитува...