Играч на Валенсија го повтори славниот спринт на Герет Бејл (ВИДЕО)

Американскиот фудбалер Јунус Мусах имаше спектакуларен спринт на мечот на Валенсија против Ваљадолид.

18-годишниот Мусах доби шанса во тимот на Валенсија, имајќи извонреден спринт на мечот со создадена 100% шанса за соиграчот кој не ја искористи.

 

Сето ова потсети на славниот спринт на Герет Бејл, кој речиси на идентичен начин пред неколку години помина покрај одбраната на Барселона во финалето од Купот на Шпанија.

Се вчитува...