Богдановиќ со фрактура на авулзија на десното колено – неизвесен до крајот на сезоната

Српскиот интернационалец, Богдан Богдановиќ претпре повреда на коленото на натпреварот против Шарлот, ноќта помеѓу сабота и недела, а по поминатите прегледи и анализи, утврдено е дека станува збор за фрактура на авулзија на десното колено. Колкаво ќе биде неговото отсуство од паркетите сеуште не се знае, но повредата воопшто не е наивна.

„Богдан Богдановиќ доживеа поведа на десното коло во втората четвртина од натпреварот против Шарлот и не се врати на терен. По магнетната резонанца во Спортскиот медицински конплекс Емори, дијагоностицирана е фрактура на авулзија на десното колено со придружно воспаление на меките ткива и модринки на коските. Планот за неговата рехабилитација се испитува и ќе биде објавена во текот на следната недела“ – стои во соопштението од клубот.

Се вчитува...