Агуеро: Не знам зошто купив Ламборџини, само пајажина собира!

Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро од 2014 година во својот возен парк има Ламборџини Авентадор, кој го платил 400 илјади евра.

Сепак, во интервју за „Канал Америка“, тој призна дека не го вози својот скап автомобил премногу често.

„Не знам зошто купив Ламборџини. Поминав 1200 километри со него за седум години. Едвај го користев и размислував две години зошто воопшто го купив. Паркиран е надвор, не сум го измил многу долго време и само собира пајажина“, рече аргентинскиот фудбалер.

Агуеро пристигна во Манчестер Сити во 2011 година од Атлетико Мадрид, а неговиот трансфер беше вреден 40 милиони евра. За девет и пол години поминати на „Етихад“ стадионот, тој постигна 256 погодоци, што го прави најдобар стрелец во историјата на клубот.

Се вчитува...