Европски гиганти во „војна“ за соиграч на Дарко Чурлинов

Никола Гонзалес конечно го разби „малерот“ и во последните осум месеци е еден од најзначајните играчи во дресот на Штутгарт. Откако се мачеше во неговата дебитантска сезона во Бундеслигата, талентираниот Аргентинец ја пронајде својата форма и сега редовно тресе мрежи. Прашање е само колку долго тоа ќе го прави во дресот на Штутгарт, бидејќи конкуренцијата за потпис на 22-годишниот напаѓач станува се посилна.

Да потсетиме, Штутгарт го донесе од Аргентинос јуниорс уште во 2018 година и плати голема сума. Германскиот клуб го чекаше долго, а се чини дека трпението ќе се исплати. Минатата сезона Никола ја заврши со осум гола на девет натпревари и им помогна на „Швабите“ да се вратат во елитата.

Оваа сезона, тој постигна пет гола на 11 натпревари, а двапати беше стрелец во дресот на аргентинската репрезентација. Бројки кои не можат да се занемарат во современиот фудбал.

Лидс беше заинтересиран за него ова лето, но сега наводно има преговори со Јувентус и Тотенхем. Сега се’ е во почетната фаза, далеку од реализација, но со сериозен пристап.

Штутгарт за евентуален трансфер би барал најмалку 30.000.000 евра обештетување, додека платата на играчот не би претставувала проблем, бидејќи во Бундеслигата, Гонзалес заработува 1.500.000 евра бруто, плус бонуси.

Се вчитува...