Двата најтрофејни англиски клубови, Манчестер Јунајтед и Ливерпул, ќе ги одмерат силите во четвртата рунда од ФА Купот на Англија, беше одлучено со вечерашната ждрепка во Лондон.
Интересно, двата ривали в недела ќе ги одмерат силите во рамките од Премиер-лигата, а наредниот викенд повторно ќе излезат на мегдан, овојпат во рамките од најстарото фудбалско натпреварување.
Челси повторно има лесна задача, на домашен терен ќе го пречека составот на Лутон, додека Арсенал во четвртото коло ќе се сретне со подобриот од мечот Саутемптон – Шрусбери.
Манчестер Сити не би требало да има проблеми на гостувањето против Челтенам, а рутинско гостување би требало да има и Тотенхем, со оглед на фактот дека тимот на Жозе Мурињо за ривал го доби Викомб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

