ФОТОГАЛЕРИЈА: „Спартанците“ тргнаа триумфално, но за пласман на ЕП ќе мора многу подобро

Одбојкарската репрезентација на Македонија со триумф го стартуваше првиот од двата турнири во Скопје, во квалификациите за ЕП 2021. Бодовите се бројат и најважно од се е што вечерва завршија на нашето салдо, но и на селекторот Матијашевиќ и на одбојкарите им е јасно дека ќе мора да се покажат во далеку подобро светло на наредниот дуел со Турција доколку се сака да се стигне до првото место во групата, кое значи и сигурен пласман на ЕП.

Впрочем, „спартанците“ во последните години редовно ги одликуваше тоа што најдобрите партии ги прикажуваа кога беше најважно, нема зошто тоа да не се повтори и в среда, во пресметката со селекцијата што ни е должник од ЕП во Словенија…

 

Се вчитува...