Тренерот на Вардар, Стевче Алушовски најавува и можно засилување на играчките редови за „црвено-црните“ низ престојниот период како би се изнел соодветно товарот на пеколни предизвици кој ги очекува во вториот дел од сезоната.
До 4. март „вардарци“ практично ги очекуваат 11 натпревари од кои најважниот, како што вели Алушовски, е оној против Порто на гостински терен во Лигата на шампионите. Но, основните цели за тимот се освојување на титулите во првенството и во Купот на Македонија.
„Не чека навистина пеколен месец февруари, затоа посакувам да ги имам на располагање сите ракометари низ овие кратки подготовки од околу 20 дена. Најважниот натпревар за нас ќе биде против Порто на гости, и се надевам на позитивен резултат кој ќе биде силен импулс за нас. Имавме големи проблеми со Ковид-19, се надевам дека сето тоа сега е зад нас, и ќе бидеме наредниот период сите здрави и ќе напредуваме од ден на ден, па за нас и најзначајното да се подготвиме за освојување на првенството и Купот на Македонија што се наши цели. Очекувам овој ростер да го изнесе сето тоа, но нема да биде изненадување во Вардар да се засилиме и со уште еден ракометар во текот на полусезоната“ – вели Алушовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА