Екипите кои не успеаја да обезбедат пласман во ракометниот плејоф ги очекува жестока битка за опстанок, па не е изненадување што дел од нив се активни на пазарот. Прилеп дополнително ги засили своите редови по ангажманот на Александар Тренчевски, откако вечерва го официјализираше и доаѓањето на Златко Везенкоски.
Тимот предводен од тренерот Кузманоски во Везенкоски добива исклучително искусен среден бек, кој ќе ја надополни дупката во тимот што настана со заминувањето на Филип Чурлевски, кој пред неколку месеци ги напушти прилепчани и се пресели во Финска. Везенкоски доаѓа од екипата на Радовиш, а претходно има настапувано за екипите на Пелистер, Зомимак Струмица и Охрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

