Два шпански прволигаши се решија за тренерски смени на почетокот од 2021 година, во обид да стават крај на големите резултатски кризи.
Алавес утрово објави дека ја прекинува соработката со Пабло Мачин, откако овој клуб забележа само една победа во последните шест кола и падна на 16. позиција на табелата. Името на новиот тренер дополнително ќе биде објавено, а денешниот тренинг ќе го води досегашниот помошник на Мачин, Хавиер Сабелјо.
Нов тренер ќе иа и Рекреативо Хуелва, откако управата на овој клуб реши да се раздели од досегашниот стратег Мичел Санчез. Хуеска е последна на табелата, има само една победа во досегашните 18 кола, а улогата на спасител ќе му биде доделена на Асиер Гаритано, кој претходно беше прв тренер на Алавес и на Реал Сосиедад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

