Селекторот на ракометната репрезентација на САД, Роберт Хедин, ја потврди веста дека дури 18 американски ракометари се позитивни на коронавирус, на еден ден пред почетокот на светскиот шампионат во Египет. И Хедин исто така е еден од заразените членови на стручниот штаб, но американскиот селектор порачува дека Американците се решени да настапат на овој шампионат.
„Ќе испратиме 12 играчи во Египет во среда. Немаме одбрана, но барем имаме голман. Не знаеме што се случи, се тестиравме цело време и бевме негативни. Најверојатно еден од играчите кои последни ни се приклучија од САД го носел вирусот со себе, немам друго објаснување“, изјави американскиот селектор за норвешкиот весник „Афтонбладет“.
Сега на потег е ИХФ, светската куќа на ракометот ќе треба да реагира и поради ширењето на Covid-19 да ги дисквалификува Американците, кои без селектор, со само еден голман и вкупно 12 ракометари сигурно би го нарушиле реномето на ова големо натпреварување.
Ваков исход очекува македонската репрезентација, која како прва резерва веднаш би отпатувала за Египет и би го заземала местото на САД во групата Е, крај Франција, Норвешка и Австрија. Доколку ова се случи, нашите ракометари во првото коло на 14 јануари ќе се сретнат со Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

