Нови проблеми за една од репрезентациите кои учествуваат на Светското ракометно првенство во Египет. По проблемите со позитивни случаи на коронавирус во репрезентацијата на САД, позитивни ракометари пријави и селекцијата на Зеленортски острови. Тие се во карантин во Португалија, а на последното тестирање пред заминувањето за Египет дури седум ракометари биле позитивни на коронавирус.
Зеленортски острови се најголема шанса за Македонија да влезе како прва замена на Мундијалот во Египет, бидејќи не е земја од самиот светски врв. Репрезентацијата на Македонија е подготвена и чека повик во последен момент да се приклучи на шампионатот, како прва замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

