На Светското првенство во Египет кое ќе се одржи од 13. до 31. јануари учесник ќе биде и репрезентацијата на САД, која за прв пат по 20 години се враќа на оваа сцена. Во досегашните настапи на СП, Американците имаат забележано 25 порази во исто толку натпревари, со гол-разлика 377-778, а голем дел од јавноста во оваа држава воопшто не е запознаена со ракометот.
Американците се соочуваат со огромни проблеми со Covid-19 бидејќи имаат дури 18 заразени ракометари, најавуваат дека ќе допатуваат во Египет со 12 играчи, а се очекува ИХФ да им излезе во пресрет поради богатиот договор за ТВ-права со ЕСПН.
Претходно оваа година, НФЛ-квотербекот Џеј Катлер изјави доколку тој и Леброн Џејмс заиграат ракомет ќе нема кој да ги спречи, а сега официјалниот Твитер профил на репрезентацијата на САД потсетува и на изјавата на славниот актер Самуел Џексон кој своевремено беше збунет со ракометните правила.
„Кој ги знае правилата на ова срање? Брзо е и жестоко“ – напиша на Твитер глумецот пред девет години.
.@SamuelLJackson we think you’d love the handball world championships this week, live on ESPN+. Team USA is competing for the 1st time in 20 years so there’s never been a better time to tune in! ???♂️ https://t.co/GfiLEGMs7a
— USATH (@USATH) January 10, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

