Изборите за претседателот на фудбалскиот клуб Барселона ќе се одржат на 24 јануари, а во трката остануваат само тројца кандидати.
Девет лица го започнаа процесот на кандидатура, но повеќето од нив не можеа да го соберат потребниот број потписи, поради што нема да бидат дел од изборите.
Агусти Бенедито, Пере Риера, Жорди Фаре и Фернандез Ала објавија дека не успеале да соберат 2.257 гласови од членовите на клубот, а слично соопштение се очекува од Емилио Русо и Чави Вилјахоана во текот на денот, пренесуваат шпанските медиуми.
Виктор Фонт, Жоан Лапорта и Тони Фреиша остануваат единствените кандидати, а претседателската кампања ќе можат да ја започнат следниот понеделник. Фановите имаат единствена желба, Меси да остане во каталонскиот клуб и Барса конечно да тргне во поход кон нови титули, па ова ќе биде и главниот предизвик за новиот претседател.
Карлос Тускетс во моментов ја има функцијата вршител на должноста претседател на Барселона, откако Хозеп Марија Бартомеу поднесе оставка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

