Фјури: Спортистите крваво ги заработуваат тие милиони, ние заслужуваме уште повеќе пари

Тајсон Фјури, светскиот шампион во супертешка категорија, посочува дека врвните спортисти заслужуваат уште повеќе пари од оние милиони што веќе ги добиваат.

Легендарниот боксер вели дека спортистите поминуваат низ тешки периоди за да одржат форма, често се изложени на мака, труд и долги ноќи не спиени.

„Луѓето го гледаат само гламурот што ги опкружува спортистите и големите натпревари. Тие не знаат за нашата напорна работа. Тие не знаат за трчање на дожд, снег, мраз. Тие не гледаат како работиме и тренираме до доцна во ноќта, а при тоа сме приморани на рано станување. Секој боксер, секој спортист крваво ги заработува тие милиони “, рече Фјури.

Тајсон истакнува дека спортистите се изложени на постојан режим уште од мали нозе.

„Од кога ќе наполните 11 или 12 години, секогаш имате иста рутина. Мора да тренирате без оглед на времето и болката. Затоа им велам на сите никогаш да не ги потценуваат спортистите, бидејќи луѓето не знаат колку жртви се потребни за да се достигне врвот “, вели британскиот ас.

Фјури имаше 31 натпревар во својата професионална кариера. Оствари 30 победи и имаше само едно реми. Само од мечот за титулата во супертешка категорија во кој го победи Дионте Вајдлер, Фјури заработи над 20 милиони евра.

Се вчитува...