Порно-режисерка во бордот на директори на Вест Хем

Вест Хем ја изненади јавноста со шокантен потег, назначувајќи ја Ева Ворли, режисерка на порно филмови, за нивен близок соработник во бордот на директори. Ворли, чие вистинско име е Ема Бентон-Хјуз, е сопруга на ко-претседателот на Вест Хем, Дејвид Саливен.

Сега, таа ќе биде во тимот кој ќе има главна задача да даде придонес и развој на клубот во иднина. Порно индустријата е бизнис каде што нејзиниот сопруг Саливен има заработено милионски суми, па неговото богатство се проценува на 1,15 милијарди фунти.

Ева Ворли е назначена за директорка на Вест Хем, покрај синот на Саливан, Дејв. Другиот син на Саливан, Џек, во моментов е извршен директор на женскиот тим на Вест Хем.

Се вчитува...