Заработи тешка повреда, му пропадна трансферот во Милан

Мохамед Сикаман требаше да биде големо засилување за Милан за вториот дел од сезонава, но трансферот на францускиот дефанзивец од Стразбур пропадна по тешката повреда што Сикаман ја заработи на последниот тренинг на својот клуб.

Француските медиуми објавија дека Сикаман го повредил коленото и дека во најскоро време ќе мора да биде опериран. Не станува збор за проблем со лигаментите, но во секој случај ќе следи време на рехабилитација од најмалку два месеци. Во период во кој секако ќе му биде неопходно време за адаптација, челниците на Милан донеле одлука за прекин на преговорите со Стразбур за Сикаман, па до крајот на преодниот рок ќе се обидат да донесат нов дефанзивец што веднаш би му се ставил на располагање на тренерот Пиоли.

Директорот Паоло Малдини размислува за три опции, Турчинот Кабак од Шалке е достапен за отштета од 20 милиони евра, но многу пореално е „росонерите“ да тргнат по позајмица на Томори од Челси и Баде од Ленс, а потоа во текот на летото да ги обнови преговорите со Стразбур за Сикаман.

Се вчитува...