Агуеро останува во карантин, ќе пропушти уште три меча на Сити

Серхио Агуеро сезонава нема среќа, искусниот голгетер неодамна се опорави од незгодната повреда, но во меѓувреме беше во контакт со лице позитивно на Covid-19, поради што му беше издадено решение за самоизолација.

Аргентинецот го пропушти куп-дуелот со Бирмингем, а на денешната прес-конференција пред мечот со Брајтон, Пеп Гвардиола обелодени дека уште извесно време нема да го има Агуеро на располагање.

„Тој е во карантин. Ќе остане таму уште девет-десет дена“, кратко прокоментира Гвардиола.

Ова значи дека одличниот голгетер ќе ги пропушти дуелите со Брајтон, Кристал Палас и со Астон Вила од Премиер-лигата,а а речиси сигурно нема да настапи ниту во ФА Купот, каде „граѓаните“ за противник го имаат Челтенам.

Се вчитува...