Чудо во Премиер-лигата: Победи и Шефилд Јунајтед

Шефилд Јунајтед во осумнаесеттиот обид ја забележа првата овосезонска победа во Премиер-лигата, откако „фенерџијата“ по голема битка успеа да слави над Њукасл со 1-0.

Шефилд од 45. минута играше со фудбалер повеќе по црвениот картон што го доби Фрејзер, а предноста од играч повеќе беше претворена во триумф со голот што од пенал го постигна Шарп во 73. минута. Екипата на Шефилд по 18 кола има само пет бода, девет помалку од Брајтон на 17. позиција, во битката за опстанок.

Се вчитува...