Македонија ќе го отвори настапот на СП 2021 со дуел против Швесдка на 14 јануари. Јасно е дека скандинавската селекција ќе ја има фаворитската улога, но мора да се истакнат и проблемите со кои Швеѓаните се соочија во изминатите дваесетина дена, во кои дури девет ракометари го откажаа патувањето за Египет.
Листата ја предводи крилото Никлас Екберг, кој уште пред да ја освои европската клупска круна со Кил објави дека нема да патува со националниот тим за Египет. Иста одлука како асот на Кил објавија и Јеспер Нилсен, Андреас Нилсон, Линус Арнесон и Лукас Нилсон, кои не се ниту повредени, ниту позитивни на Covid-19, но оценија дека е преризично за нивното здравје да патуваат во оваа африканска држава и таму да минат петнаесетина дена.
Голманот Микаел Апелгрен нема да може да настапи поради повреда на рамото, додека Covid-19 е причината поради која швескиот селектор на располагање ќе го нема одличниот Албин Лагергрен. Дуелот со Македонија ќе го пропушти и Антон Линдског, кој дури и доколку добие негативен тест и се најде на авионот за Каиро нема да може да настапи против Македонија бидејќи десетинаа дена поради коронавирус беше надвор од тренажен процес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА