Чешка не е единствената репрезентација што поради коронавирус во последен момент го откажа учеството на СП 2021, откако вечерва и американскиот состав ги известил челниците на ИХФ дека нема да биде во можност да отпатува за Египет.
Американците утрово обелоденија дека имаат дури 18 заразени ракометари, но се најавуваше дека се подготвени и со 12 играчи да отпатуваат на овој шампионат. Сепак, најновите тестирања очигледно донеле и нови позитивни случаи, бидејќи последните информации од американскиот табор се дека оваа селекција нема да биде дел од елитниот собир.
Местото на САД ќе го заземе втората резерва на листата на ИХФ, селекцијата на Швајцарија, која ќе се најде во групата Е заедно со Франција, Норвешка и Австрија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА