Атлетико Мадрид продолжува со забрзани чекори да „лета“ кон шампионската титула во Ла Лига откако избраниците на Диего Симеоне забележаа нов триумф, овојпат на домашен терен против Севилја со 2-0.
Подобриот почеток им овозможи и рано водство на домаќините, Кореа беше стрелец со прецизен удар во долниот агол од голот на Севилја. Гостинските фудбалери мораа да ја отворат играта, создадоа неколку убави шанси, но не успеаја да го совладаат Облак. Казната стигна во 76. минута, Љоренте одлично побегна по десната страна, одигра повратна топка за Саул Нигез, кој од работ на шеснаесетник стрелаше прецизно во мрежата на Севилја.
Атлетико со оваа победа има четири бода предност, но и два меча помалку во однос на второпласираниот Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

