Џејмс Харден создаде вистински хаос во Хјустон, а од час во час оваа ситуација се повеќе се продлабочува. Најкорисниот играч на лигата за 2018 година на вчерашниот натпревар против Лејкерс повторно беше во фокусот, а со изјавата по натпреварот стави до знаење дека тимот од Тексас не треба да смета на неговите услуги.
„Не сме доволно добри. Немаме тимска хемија, ниту талент и тоа се покажа во последните натпревари. Го сакам овој град, и направив буквално се што можев, но оваа ситуација е невозможна и не верувам дека може да се поправи“ – изјави бекот по поразот со што најави заминување од Рокетс.
“This situation is crazy. It’s something I don’t think it can be fixed. Thanks.”
– James Harden
via @AdamSpolane pic.twitter.com/5XS9gGRZqV
— SB Nation (@SBNation) January 13, 2021
Нерасположението на осумкратниот „Олстар“ играч се одрази и на неговата игра. Имено, Харден за прв пат по 2012 година врза четири натпревари во кои постигнува помалку од 20 поени, а доколку Рокетс не го најдат вистинското решение за заминување на бекот оваа сезона може да биде тотален пропаст за тексаскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА