Јазед Ал Раџи на Тојота е победник на десетата етапа на релито Дакар која денеска се возеше од Неом до Ал Ула. Етапа долга 583 километри од кои 342 беа специјал, Саудиецот ја помина за време од 3:03:57 часа, што беше за 2:04 подобро од второпласираниот Насер Ал Атијах на Тојота. Третото место му припадна на Стефан Петерхансел на Мини кој доцнеше 2:53 зад времето на победникот.
Петерхансел е се поблиску до нов триумф на најпознатото рели во светот бидејќи на две етапи пред крајот има предност од 17 минути пред второпласираниот Ал Атијах. На третото место во генералниот пласман се наоѓа Карлос Сајнц на Мини.
Во конкуренција на мотоциклисти Рики Брабек триумфираше на десетата етапа со време од 3:12:33. Второто место му припадна на Жоан Бареда Борт, додека третопласиран беше Кевин Бенавидес. Бенавидес го презеде водството во генералниот пласман откако катастрофална етапа имаше досега водечкиот Хозе Игнасио Корнехо Флоримо кој денеска доцнеше дури 17 минути зад водечкиот Брабек. За разлика од конкуренција на автомобилисти до крајот на релито не очекува неверојатна борба бидејќи Бенавидес, Брабек и Корнехо Флоримо се во една минута.
Утре на програмата е единаесеттата етапа која ќе се вози од Ал Ула до Јанбу која ќе биде со должина од 557 километри од кои 511 специјал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА