Кипарска Докса го промовираше Глишиќ (ФОТО)

Поранешниот фудбалер на Вардар, Дарко Глишиќ, по завршувањето на соработката со Шкупи, својата кариера ја продолжува во кипарска Докса.

Докса и официјално го промовираше Глишиќ како свој нов фудбалер. Во редовите на Докса веќе настапуваат и македонските репрезентативци, голманот Дамјан Шишковски и фудбалерот за врска Душко Трајчевски.

Глишиќ претходно во својата кариера настапуваше и за сараевски Олимпик, грузиски Динамо Тбилиси, како и во бугарските Септември Софија и Арда Карџаели.

Се вчитува...