Тенис Сандгрен, 50-тиот играч на АТП-листата, и покрај фактот што доби позитивен тест за ковид 19, се качи на еден од 15-те организирани летови што ќе ги донесат тенисерите и нивната придружба во Мелбурн за настап на првиот тениски турнир оваа сезона, Австралија опен.
Сандгрен имаше позитивен тест во месец ноември, но се чувствува целосно здрав, па директорот на првиот Грен слем во сезоната Крег Тајли му помогна да дојде во Австралија.
„Леле, јас сум во авион. Крег Тајли е волшебник. Бев болен во ноември, но се опоравив целосно. Разликата помеѓу двата позитивни теста е подолга од осум недели. Повторно се тестирав и не сум заразен во овој момент“, рече 29-годишниот Тенис Сандгрен.
Австралија опен започнува на 8 февруари и ќе трае до 21, тој е одложен за три недели во споредба со вообичаениот термин, а околу 1.200 играчи и тренери ќе започнат да доаѓаат во Мелбурн од четврток. По пристигнувањето во Австралија, тениските работници ќе бидат подложени на ригорозно тестирање и карантин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

