Репрезентацијата на Словенија се соочува со големи проблеми пред стартот на Светското првенство и денешниот натпревар против селекцијата на Јужна Кореја. Имено во таборот на Словенечката репрезентацијата има двајца позитивни ракометари, а се работи за Тилен Кодрин и Урх Кастелич. Двајцата ракометари биле позитивни на ПЦР тестовите по доаѓањето во Каиро што ги исфрли од тимот и покрај тоа што десет дена во изолација во Словенија не покажале никакви симптоми.
Сега ги очекуваат нови прегледи во Каиро, по што ќе следуваат два нови теста како би можеле да се вратат во тимот на Љубомир Врањеш доколку тие се негативни. Словенија вечерва во Каиро ќе игра против Јужна Кореја, а натпреварот е со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА