Работнички вложува во иднината (ФОТО)

Работнички продолжува со курсот за давање поддршка и шанса на младите фудбалери од својата академија. Во таа насока, раководството одлучи да потпише професионални договори со тројца фудбалери.

Рушту Јонуз, Матеј Ангелов и Бљенд Зекири ставија потпис за верност кон клубот.

Тие претставуваат светла иднина на Работнички и веќе се дел од сениорскиот погон под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Се вчитува...