Ракометната репрезентација на Македонија вечерва против Шведска ги почнува настапите на Светското првенство во Египет. Селекторот на селекцијата, Данило Брестовац верува дека и покрај подмладениот тим Македонија може да направи добар резултат на Мундијалот во кој влезе како замена за репрезентацијата на Чешка.
„Имаме состав кој што е во фаза на формирање, но сепак мислам дека сме доволно рамноправни да се носиме со сите репрезентации во светот, а така и со Шведска, Египет и Чиле. За нас е награда што сме на Мундијалот, но не се задоволуваме само со учество. Секако дојдовме со цел да влеземе во вториот круг, па понатаму секој натпревар ќе биде школа за овој млад тим. Шведска е одлична селекција, но нема да бидам скромен и ќе кажам дека не очекува голема битка и секако нема да се предадеме однапред, колку и да имавме мал период за подготовка“, изјави Брестовац.
Натпреварот меѓу Македонија и Шведска кој ќе се игра во Каиро е закажан за 20:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА