Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во Хамбург

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе игра во полуфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот вреден 25.000 долари во Хамбург, Германија.

Ѓорческа заедно со Софија Лансаре за нешто помалку од еден час во четвртфиналето ги победија Романките, Јоана Лоредана Роска и Николета-Каталина Даскалу убедливо во два сета со 6-0 и 6-4.

Во полуфиналето македонско-руската комбинација ќе се соочи со четвртите носителки Кимберли Зиберман (Белгија) и Амандин Ес (Франција).

Се вчитува...