Ракометната репрезентација на Македонија со убедлив пораз од 32-20 од Шведска го почна настапот на Светското првенство во Египет.
Швеѓаните иако во комбиниран состав одиграа одличен натпревар и заслужено стигнаа до првата победа на мундијалот. Единствената непријатна ситуација ракометарите на Шведска ја имаа пред почетокот на мечот против Македонија, откако домаќинот место националната химна пушти непозната музика.
Швеѓаните зачудени се гледаа меѓу себе, а по некоја минута конечно беше среден проблемот и почна интонирањето на химната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА