Валтер Ѕенга, најлош татко во светот?

Легендарниот италијански голман, Валтер Ѕенга постојано е на насловните страни на таблоидите во Италија кои постојано го следата во караниците со неговото семејство.

Тој постојано е напаѓан од своите три поранешни сопруги, а сега и од неговите синови Никола и Андре, кои го прогласија за најлошиот татко во светот.

„Немам ништо од него, ама баш ништо. Би можел да раскажувам во најситни детали, но нема потреба. Во најважните денови од нашите животи тој никогаш не беше со нас. Постариот брат посебно патеше по Валтер, но некога никогаш го немаше“ – вели Андре Ѕенга, на кого се надоврзува и Никола.

„Секогаш се обидував да стапам во контакт со него, ми беше потребен во годините на раст. За разлика од Андре кој процени дека не му е потребен, затоа што не имаше мене и мајка ми, некако јас постојано го барав со години, но никогаш ништо не ми одговараше, не ми враќаше на пораките. Се чувствував непожелно, па на 20 години му напишав и едно поопширно писмо со надеж дека се ќе се смени, но добив само некој очаен одговор. Патев, но ете помина… Пред една година дури ме блокираше и на Инстаграм. Тој е, без сомнение, најлошиот татко на светот“.

Ѕенга, по сето тоа, не остана должен…

„За мојот живот може да зборуваат само ако самите себе се земат за пример. Ако се погледнете вие, ќе сфатите дека не сакате да разговарате за мене“ – одговори Валтер.

Но, циркусот продолжи со нова објава на Никола.

„Секогаш има таков одговор, секогаш се крие зад таквите одговори. И поради тоа никогаш не сум сакал да влегувам во некакви судири. Никогаш не ја презеде одговорноста како родител за развојот на свои деца, па ако мисли и дека погрешно живеат да им помогне. Залудно зборуваме, за него нема помош“ – напиша Никола на социјалните мрежи.

Се вчитува...