Кузмановски: Тешко е да се игра во услови на коронавирус

Филип Кузмановски целосно се вклопи во сивилото на националниот тим на дуелот со Шведска, а бекот на Хановер на прес-конференцијата по мечот се осврна и на проблемите што ги носи коронавирусот врз нормалното функционирање на спортот.

„Не одигравме онака како што знаеме, Шведска беше подобар противник и им честитаме за заслужената победа. Можам да кажам дека организацијата и хотелот се прекрасни, немаме никакви проблеми, уживам играјќи за првпат во Египет. Искрено, тешко е да се игра во услови на коронавирус, но се надевам дека состојбата ќе се подобри и навивачите наскоро ќе се вратат во салите“, изјави Филип Кузмановски.

Следен предизвик за „црвено-жолтите“ е утрешниот дуел со Египет, меч закажан со почеток во 18 часот.

Се вчитува...