Арсенал во изминатава вечер не успеа да го победи Кристал Палас, па обезбеди резултат од 0-0. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, вели дека заморот кај играчите е главната причина зошто „топџиите“ не можеа да прикажат игра која ќе ги донесе потребните три бода.
Дуелот од 18-то коло во Премиер лигата на „Емирати“, ја прекина серијата од три последователни триумфи на лондонскиот клуб.
„Создадовме многу можности против тим што постојано се бранеше, но на крајот не бевме добри во реализација. Веројатно не игравме доволно добро за да го добиеме овој натпревар и мислам дека причината за тоа е заморот. Во изминатиот период имавме многу игри и сега заморот си го направи своето. Многу играчи не беа свежи и тоа нè чинеше ефикасност во последната третина“, заклучи Артета.
Арсенал останува на 11-тото место на табелата со освоени 24 бодови. Во следното коло, во понеделник, Њукасл ќе биде домаќин на Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

