Синдикатот на фризери во Германија објави писмо во кое се вели дека многу фудбалери ги кршат правилата со професионална фризура. Иако собирањето е забрането во Германија, како и во поголемиот дел од Европа, и строго се бара од луѓето да избегнуваат контакт со други луѓе и со кои не живеат заедно, фудбалерите на Бундеслигата постојано го негуваат имиџот и ги средуваат фризурите.
Ова го принуди Синдикатот на професионални фризери во Германија да се огласи и да посочи колку очигледно се кршат правилата, па затоа ги покануваат фризерите во своите домови да работат „на црно“.
„Не познаваме ниту еден играч што во својот дом прима фризери. Всушност, јас разговарав со играч кој рече дека дома сам се стрижел. Ние редовно ги предупредуваме нашите играчи да бидат многу внимателни во контакт со луѓе надвор од нивното потесно семејство, односно со партнери и деца“, кажа Маркус Арез, менаџер на Борусија Менхенгладбах.
Играчите не останаа должни, поголем дел од нив се изјаснија против обвинувањата од фризерскиот синдикат.
„Фактот дека некој се појавува со негувана фризура не значи дека е резултат на кршење на правилата. Честопати има членови од семејството, соиграчи или колеги од клубот кои имаат можат да помогнат во стрижење и правење на фризури“, рече Улф Барановски од германскиот сојуз на играчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

