Шек: Харден дал се што може за Хјустон? Ма немој…

Спектакуларниот трансфер на Џејмс Харден во редовите на Бруклин сеуште е топ тема во кошаркарските води. Најкорисниот играч на лигата во 2018 година по девет години поминати во Хјустон, замина од Тексас и формираше „династија“ во Њујорк, каде заедно со Кајри Ирвинг и Кевин Дурент ќе се обиде да стигне до прстен.

Џејмс Харден зад себе остави вистински хаос во Рокетс, многумина го коментираа начинот на неговото заминувње, а еден од нив е и легендарниот Шекил O’Нил, кој не се воздржа од критикување и не штедеше зборови.

„Кога Џејмс Харден ќе каже дека дал се за градот, лаже. За да можеш да го кажеш ова треба да имаш репутација и да имаш освоено нешто. Го бараше Двајт Хауард, го доби и не се поклопи со него. Го бараше Крис Пол и го доби. Бараше добри шутери и ги доби. Го бараше и Вестбрук, го доби и него, но и тоа не се поклопи. Па кога ќе кажеш дека си дал се од себе, јас би рекол не е така Џејмс. Во последните пет плејоф натпревари шутираше со 41% реализација од поле, 24% за три поени, асистираше 32 пати, а изгуби 27 топки… Знаете и јас бев како него. По натпревар ќе се жалев како никој не направил ништо, исто како Џејмс Харден, но еднаш мојот татко ме запраша, „Што направи ти?“, ништо. Кога тој беше најпотребен за тимот, не се покажа, а кога сте „човекот“, кој притоа наплаќа 34 милиони долари имате голема одговорнсот. Кога дојде времето да сјае, тој не го направи тоа. Знам многу луѓе во Хјустон кои се среќни за неговото заминување. Сега има „супер тим“, сега мора да победи, инаку би бил пропалица“ – изјави четирикратниот НБА шампион.

 

Се вчитува...