Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Пол Погба е оптимист пред дуелот против Ливерпул во недела, и изјави дека верува во победа против „црвените“. Тимот од Манчестер славеше на девет од последните 11 натпревари и е лидер на табелата во Премиер лигата, со три бода повеќе од Ливерпул.
Пол кажа дека Манчестер постојано расте и ја подобрува својата форма, па ова е доволна надеж дека можат да дојдат до голема победа против „лутиот“ ривал Ливерпул.
„Напредувавме многу, напредуваме секој ден. Сè уште имаме многу млад тим. Очигледно, не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со нив, тие ја освоија Премиер лигата. Во моментот кога ќе ги победиме на теренот, ќе можеме да кажеме дека сме на исто ниво. Ако сакате да бидете најдобри, мора да ги победите најдобрите. Ние сакаме да ги победиме шампионите во Премиер лигата “, рече Погба.
Французинот напомена дека неговиот тим е свесен за силниот противник кој во последните неколку години игра многу квалитетно. Секогаш ваквите дерби натпревари се тешки, но мораме да се фокусираме и да го дадеме најдоброто од нас за да ја задржиме лидерската позиција во Англија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

