Рускиот евролигаш Химки конечно реши да му врачи отказ на тренерот Римас Куртинаитис по катастрофалните игри и резултати на овој тим од стартот на сезонава. Химки прикажува очајни изданија во Евролигата, каде овој клуб има дури 12 порази во низа и се наоѓа закован на дното на табелата.
Чашата со незадоволство беше прелиена со вчерашниот убедлив пораз од 99-60 на гостувањето против Анадолу Ефес, по што беше донесена одлука за разделба од литванскиот стратег, кој од 2019 година седеше на клупата на овој тим. За привремен тренер е именуван Андреј Малцев, а се очекува Химки во следните десетина дена да го официјализира доаѓањето на нов врвен стратег на местото на Куртинаитис.
Химки во следното коло на 21 јануари ќе му гостува на Панатинаикос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА