Сестрите Шарлот и Жули Бонавентура се одредени да ја делат правдата за денешниот дуел на СП 2021 меѓу Македонија и Египет. Француските судијки долги години важат за најдобри во женска конкуренција, а од неодамна добија шанса да судат и на големите натпреварувања во машка конкуренција.
Ова ќе биде првпат во историјата на нашата машка селекција жени да ја делат правдата на „црвено-жолтите“, а за делегат на натпреварот е одреден Рајзингер од Австрија.
Средбата меѓу Македонија и Египет се игра вечерва со почеток во 18 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА