Алиоски и Лидс изненадени дома

Езгијан Алиоски и Лидс претрпеа неочекуван пораз на домашен терен во Премиер-лигата, губејќи на „Иланд Роуд“ од Брајтон со 0-1. Македонскиот репрезентативец повторно беше стартер во својот тим, но Лидс очигледно беше во шок по елиминацијата од ФА Купот, па одигра уште еден потпросечен меч, за што беше казнет од противникот.

Мопеј беше стрелец на единствениот погодок во првото полувреме, а избраниците на Биелса и покрај поголемиот посед на топката не успеаја да постигнат израмнувачки погодок на овој натпревар.

Во вториот попладневен натпревар Вест Хем на домашен терен го совлада Барнли со 1-0, благодарение на погодокот што го постигна Антонио уште во првото полувреме.

Се вчитува...