Русија ја шокираше Словенија со 31-25 во натпревар од второто коло во Х групата од Светското првенство во Египет. По ремито против Белорусија, Русите одиграа неверојатно и против првиот фаворит во групата и стигнаа до првата победа на шампионатот. Киселев, Косоротов и Сорока постигнаа по шест гола во победничкиот табор, додека кај поразените Доленец заврши со шест.
Французите по големиот триумф над Норвешка ја решија и Австрија со 28-35. Фабрегас со шест гола беше прво име кај „триколорите“, додека Вагнер со седум гола беше најдобар кај Австријците.
Португалија го декласираше Мароко со убедливи 20-33. Во второто Португалците ги разрешија сите дилеми успевајќи да постигне дури 21 гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА