И тоа бидна: Откажан меч на Мундијалот, Зеленортските острови немаат доволно ракометари

Откако беа потврдени уште два нови позитивни случаи со Ковид-19 во редовите на Зеленорските острови кои немаат доволно ракометари за натпревар, денеска ИХФ и официјално информираше дека нема да го играат натпреварот на СП 2021 против Германија, а натпреварот се регистрира со 10-0 во корист на Германците.

Како би се избегнал судир на интереси, двајцата Германци во натпреварувачката комисија на ИХФ отстапија пред состанокот, а нивното место го пополни Пер Бертелсен, директор на организациската комисија на ИХФ.

Зелонортските острови не успеаја да осигураат најмалку десет играчи затоа што не се минати 48 часа, двајцата позитивни ракометари да добијат евентуално негативен тест.

Интересно, еден од заразените ракометари пред само 20 часа беше негативен на претходниот тест. Можност за настап ќе имаат на 19. јануари против Уругвај, доколку утрешните тестови се негативни.

Се вчитува...