Лионел Меси збесна во завршницата од Супер-куп финалето против Атлетик Билбао, удирајќи противнички фудбалер за што заслужено му беше покажан црвен картон.
Ова е прво исклучување на аргентинскиот генијалец во дресот на Барселона, а според шпанските медиуми суспензијата за Меси ќе биде ригорозна. Бидејќи не стануваше збор за дуел, туку за намерно удирање на играч откако топката веќе не беше кај него, Аргентинецот речиси сигурно ќе биде казнет за „насилничко однесување на терен“, за што суспензијата може да изнесува меѓу четири и 12 натпревари.
Иако станува збор за Супер-купот на Шпанија, оваа суспензија веднаш ќе почне да тече, а Меси ќе ја одлежи низ натпреварите од Копа дел реј и од Примера дивизион. Следен дуел на каталонскиот гигант е куп-пресметката со Корнелија, по што ќе следат и лигашките дуели со Елче, Атлетик Билбао и Бетис, мечеви што Меси речиси сигурно ќе ги пропушти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

