Репрезентацијата Шведска во трилер натпревар славеше над домаќинот Египет со 24-23 во натпревар од 3. коло во Г групата на Светското ракометно првенство. Египет беше подобар противник во првото полувреме и на пауза замина со плус три 9-12. Сепак, Швеѓаните заиграа неверојатно во вториот дел и на крајот успеаја да стигнат до голем триумф од 24-23.
Ване со пет гола беше прво име во победничкиот табор, додека кај Египќаните се истакна Санад со осум гола.
Франција потешко од очекуваното славеше над Швајцарија со 25-24 Швајцарците одиграа одлично прво полувреме против големиот ривал и на пауза заминаа со реми 14-14. Во вториот дел се покажа разликата во квалитет, што беше доволна и за трет триумф на галските петли на шампионатот.
Португалија без поголеми проблеми славеше над Алжир со убедливи 26-19.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА