Ракометната репрезентација на Македонија успеа да се пласира во вториот круг на Светското првенство во Египет, откако славеше над Чиле. Пикерот на репрезентацијата Стојанче Стоилов вели дека по катастрофалните два меча, добро е што сепак обезбедивме пласман во следната рунда.
„Одигравме два катастрофално лоши натпревари И покрај лошите натпревари, мило ми е што сме во следната рунда што останавме на турнирот. Мислам дека од меч во меч ќе се подготвуваме, имаме неколку искусни ракометари , а мислам и седум играчи кои првпат се на СП. Ова е специфично првенство, знам дека цела Македонија со нетпрение го чекаа шампионатот и жалам што не можевме подобро да се подготвиме“, изјави Стоилов.
Македонија во втората фаза ќе игра со репрезентациите на Словенија, Русија и Белорусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА