СП: Лесни победи на Исланд и Норвешка

Исланд стигна до рутинска победа во дуелот против Мароко со 31-23 во натпревар од третото коло во Ф групата на Светкото ракометно првенство во Египет. Исланѓаните уште во првиот дел ја покажаа разликата во квалитет и на пауза заминаа со плус пет 15-10. До крајот одиграа рутински и стигнаа до вториот триумф на шампионатот. Кристјансон и Гудмунсон со по шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај Мароко Зароили заврши со еден помалку.

Еден од првите фаворити за освојување на титулата, Норвешка си поигра со ослабената Австрија совладувајќи ја со 38-29. Во еден натпревар без одбрани на двете страни Норвежаните одиграа рутински и со два бода се пласираа во втората фаза. Сандер Сагосен со девет гола беше прво име кај Норвежаните, додека во таборот на Австрија Вебер постигна шест.

Се вчитува...