Марио Манџукиќ ги мина лекарските прегледи и денеска ќе потпише договор со Милан до крајот на сезоната. Хрватскиот напаѓач за половина сезона ќе заработи 1,8 милиони евра, а на крајот од сезоната Милан има опција да го продолжи договорот за уште една година за 3,6 милиони евра.
„Ибра ќе се погрижи да го држи на око. Се шегувам, пресреќен сум што успеавме да доведеме таков играч“ – изјави тренерот на Милан, Стефано Пиоли по синоќешната победа од 2-0 против Каљари, притоа дополнувајќи:
„Кога од клубот ми кажаа дека би можеле да го доведат Манџукиќ, истиот момент им реков тоа да го направат. Разговарав со него, мотивиран е. Станува збор за голем победник“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА