Вулгарна провокација на Ибрахимовиќ кон Годин… (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ беше во центарот на вниманието во синоќешната победа на Милан од 0-2 на гостувањето против Каљари. Но, не само поради двата победнички погодоци, туку и поради „шоуто“ и караницата со противничкиот фудбалер, Диего Годин.

Ибрахимовиќ имаше жестока расправа со Годин, а по неколку „сочни“ зборови кои си ги упатија и двајцата, Ибрахимовиќ во еден момент му го „покажа“ и меѓуножјето на противничкиот фудбалер.

Се вчитува...