Провокација или гаф – Стефано Пиоли не знае од кој град е Црвена Звезда

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли направи голем гаф велејќи дека во февруари неговата екипа во Лигата на Европа ќе отпатува во Сараево каде ќе игра против Црвена Звезда.

Не е познато дали оваа изјава е гаф или навистина тој не знае од каде е европскиот шампион од 1991 година.

Првиот натпревар меѓу Милан и Звезда на програмата е на 18. февруари на „Рајко Митиќ“ во Белград.

 

Се вчитува...