Благотиншек: Внимателно со Македонците, ни создаваа многу проблеми во минатото

Словенија ќе ја има улогата на фаворит на утрешниот натпревар со Македонија, дуел на кој избраниците на Врањеш не смеат да си дозволат „кикс“ доколку сакаат да си ги задржат шансите за пласман во следната рунда.

Специјалистот за дефанзива, Блаж Благотиншек, ги предупреди своите репрезентативни колеги дека никако не смеат да си дозволат да го потценат македонскиот национален тим.

„Имаме одиграно многу натпревари со Македонија во минатото. Мораме да бидеме внимателни, бидејќи знаеја да ни создадат многу проблеми, дури и да не победат. Мораме да бидеме сконцентрирани од првата до последната минута, ако сакаме да забележиме нова победа на овој шампионат“, истакна Благотиншек.

Натпреварот меѓу Словенија и Македонија на програмата е утре, со почеток во 15.30 часот.

Се вчитува...